Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија откако настрада во несреќата во Кочани.
Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.