Background

Министерството за образование и наука распиша јавен повик за набавка

По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, новото раководство на Министерството за образование и наука и на Педагошката служба ја започнаа постапката за набавка, со цел истите да бидат обезбедени за следната учебна 2025-2026 година, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

На јавниот повик  кој е изработен согласно одредбите од новиот Закон за учебници во основното и средното образование, можат да се пријават странски издавачи преку домашни застапници и тоа за одобрување на учебници по Англиски јазик од прво до деветто одделение, како и за учебници по Француски, Германски, Италијански и Руски јазик од шесто до деветто одделение. Крајниот рок за пријавување е 28 март 2025 година.

„Постапката за набавка на сите учебници по странските јазици целосно ќе заврши пред почетокот на учебната година. Учениците, први септември ќе го започнат без грижи дали ќе имаат основни помагала за совладување на наставната материја, а наставниците без обврски самостојно да наоѓаат материјали и извори на информации“, велат од МОН.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, од министерството информираат дека е објавен и  конкурс за изработка на нови учебници за седмо одделение, согласно новите наставни програми и тоа по предметите Биологија, Хемија, Физика, Географија, Граѓанско образование и Албански јазик како изборен предмет, но и учебници по изборниот предмет Јазикот и културата на Турците за сите одделенија од шесто до деветто. Рокот за пријавување е 31 март 2025 година.

МОН и Педагошката служба ги повикуваат издавачките куќи да покажат интерес и да се пријават на повиците. Конкуренцијата е од исклучителна важност за обезбедување на квалитетни наставни помагала, кои ќе овозможат непречен воспитно – образовен процес.

Сите учебници и натаму ќе останат бесплатни, нагласуваат од МОН, со обврска за учениците да се грижат за нивната состојба и на крајот од учебната година да ги вратат на училиштето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation