Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Регулаторна комисија за енергетика(РКЕ) во рамките на своите надлежности и континуиран напор за заштита на правата на граѓаните, ги интензивираа активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија, соопштија од Министерството за енергетика.
За таа цел Министерството и регулаторното тело ги информираат граѓаните за сите можности за точен и навремен увид на потрошената електрична енергија како и за механизмите што им стојат на располагање да ги остварат своите права, базирано на строго почитување на законите што ја регулираат оваа област.
„За точно утврдување на состојбите сите граѓани кои сметаат дека имаат основ за дополнителна проверка (согласно член 37 од Законот за енергетика, правилата за снабдување со електрична енергија и правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови), имаат право да поднесат приговор“, се наведува во соопштението.
Клучни чекори за правично решавање на спорови:
Според законот, ЕВН Хоме е должно квартално (на секои 3 месеци) да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни. Од ЕВН Хоум информираат дека околу 85% од броилата се отчитуваат секој месец. Меѓутоа има броила кои се поставени во имотот на корисниците и кои не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. 15% од броилата, во кои влегуваат непристапни, во одделни рурални средини, се читаат два пати годишно. Во период од 3 месеци, процентот на отчитани броила бил над 95%. За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка (Автоматски алгоритми), каде што основот е кривата на потрошувачка и потрошувачката во последните 12 месеци.
Според информациите на ЕВН Хоум, по вовдувањето на блок тарифите се вовел механизам на проверка. За потрошувачката на корисниците кои прв пат влегуваат во четвртиот блок се појавува „системска нотификација“ и истите секогаш поединечно се проверуваат од страна на Електродистрибуција. Овој процес се спроведува пред да му се достави фактурата на корисникот. Во ваков случај, доколку влегувањето во четвртиот блок е последица на претходни неотчитани месечни состојби, односно нефактурирани киловат-часови, фактурата веднаш се корегира.
Дополнителни информации за постапката како и за сите прашања поврзани со отчитувањата, блоковите и пресметката корисниците можат да најдат на следните линкови.
Доколку граѓаните се сомневаат дека нивните броила не се редовно отчитувани можат да:
Редовно отчитување на броило: Сами пријавете ја состојбата на броилото онлајн или преку апликацијата на ЕВН. Со тоа ќе добиете сметка според реалната потрошувачка избегнувајќи ги проценети вредности врз основа на историска потрошувачка. Сите корисници кои сакаат сами да ги пријават состојбите на броилата истото можат да го направат на https://evnonline.mk/index/meterdata или https://evnonline.mk/payment/meterdata , или:
Следете ги блоковите: Цената на струјата е поделена во четири блокови. Колку повеќе трошите, толку повисока е тарифата. Дневното препорачано ограничување е до 7 kWh (прв блок). Информации за тарифен систем и пресметка на потрошувачка на електрична енергија по блокови ЕВН Македонија – Tariff System https://www.evn.mk/AboutInvoices/TariffSystem.aspx
Евтина тарифа секој ден од 13-15 часот и од 22 до 07 часот – 1,9765 ден за kWh
Ако забележите дека сте близу до горната граница на блокот, намалете ја потрошувачката во следниот период. Со редовна контрола можете да ги намалите ризиците.
Во анализите направени од РКЕ, констатирано е дека дел од потрошувачите се нашле во повисоки тарифни блокови поради методологијата на пресметка. Универзалниот снабдувач има обврска да направи ревизија на ваквите случаи и, доколку е потребно, да изврши корекција.
Број на пристигнати поплаки
Од 820.000 броила во Македонија, во ЕВН Хоум, во периодот декември 24 / јануари 25, пристигнале 15 000 приговори, но како што информираат од таму, само мал број од овие пријави (15%) се ревидирани според новопрочитана состојба, за останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка. Колку за споредба од ЕВН Хоум информираат дека бројот на пристигнати поплаки во овој период е за 20% помал отколку во периодот декември 23 / јануари 24.
До второстепениот орган РКЕ пак до 28.02.2025 пристигнати се 345 приговори.
Министерството и РКЕ непрекинато ги следат сите постапки и инсистираат на целосна транспарентност од страна на сите инволвирани страни.
Како дополнителна мерка, во тек се активности за активирање на современа апаратура за проверка на броилата во Бирото за метрологија со што ќе се овозможи дополнителна независна верификација и проверка на броилата, по жалба на потрошувачите, во државна институција. Ова ќе придонесе за дополнителна транспарентност, правичност и контрола.
Министерството за енергетика и рударство останува посветено на заштитата на граѓаните во енергетскиот сектор. Во таа насока, ќе продолжи со иницијативи за поголема транспарентност, вклучително и дополнителни едукативни кампањи за потрошувачите. Граѓаните ќе бидат редовно информирани за сите можности за проверка и корекција на нивните сметки, како и за механизмите што им стојат на располагање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖