Мила Арсовска, македонска стилистка која веќе една деценија живее во Њујорк неодамна, за првпат во својот живот ја раскажа својата приказна за тоа како изгубила дел од стапалото кога имала само две години. Таа почна кампања за собирање на средства за протезата за која сонувала целиот живот.
Сега на својот профил на Инстаграм Мила сподели вест која ги израдува сите нејзини следбеници, пријатели и најблиските. Благодарение на поддршката од јавноста и хуманитарната кампања, таа конечно ја доби својата специјално изработена протеза за стапалото.

– Не знам ни од каде да почнам… Денес, по 40 години, ја добив мојата протеза. Го замислував овој момент толку многу пати, што дури и се прашував дали ќе стане реален. Кога конечно се случи, плачев. Ова не е крај на моето патешествие. Уште сум во болка. Учам како да одам одново. Ви благодарам што верувавте во мене кога ми беше најпотребно. Никогаш нема да заборавам што направивте за мене – пишува Мила.

Кога се случила несреќата, Мила имала само две години. Додека си играла во близина на железнички шини, ја прегазил воз и поради тешките повреди, лекарите морале да ѝ ампутираат дел од стапалото.
– Ги изгубив прстите на ногата. Станав инвалид. И долго време мислев дека таа приказна е премногу тешка за да ја споделам. Но, еве што научив: 90 отсто од она од што се плашиме е само непознатото, а молчењето ги прави работите уште поголеми. Твојата приказна, каква и да е, не е премногу. Сподели ја. Затоа што некаде таму, некој се чувствува осамено во истото тоа што ти си го преживеал – изјави таа во емотивната исповед на социјалните мрежи.


Многумина кои ја познаваат Мила беа изненадени од нејзината објава, велејќи дека никогаш не забележале ништо. Имено, Мила со децении ја криела својата болка од светот. Играла одбојка, градела успешна кариера и се трудела никој да не ја забележи нејзината физичка пречка. Меѓутоа, со текот на времето, неправилното чекорење почнало сериозно да го загрозува нејзиното здравје, со ризик за оштетување на коленото и колкот.
Набавката на протезата изработена по мерка била инвестиција вредна 25.000 долари која не ја покрива осигурувањето, затоа таа за првпат јавно ја сподели својата приказна и побара помош преку јавна кампања.
Мила сподели видео на кое се гледа како носи отворени сандали и си ги лакира ноктите на прстите од нејзината протеза која толку долго ја чекала.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
