Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека амбициите на Русија не завршуваат со Украина и дека Москва претставува поширока закана за европската безбедност. Тој порача дека Европа мора да ѝ постави јасни граници на Русија, обвинувајќи ја дека ги зголемува тензиите во балтичкиот регион, Полска, на Црното Море, па дури и во вселената.
– Русија точно знае што сака. И Русија сака повеќе од Украина – изјави Мерц во германскиот Бундестаг, за време на расправата за буџетот за 2027 година.
Тој упати критика и до оние кои не ја препознаваат опасноста што, според него, ја претставуваат руските намери.
– Секој што не го разбира тоа или не ја согледува реалноста или има сосема поинаква агенда – спротивна на слободата, отвореноста и либералните вредности на нашата земја – порача германскиот канцелар.
Мерц оцени дека Германија предолго ги запоставувала клучните прашања поврзани со одбраната, инфраструктурата, демографските промени и економијата и дека сега мора итно да се посвети на нивно решавање.
Тој предупреди дека руското дејствување не се ограничува само на војната во Украина, туку дека, според неговите зборови, притисокот се зголемува и во други делови од Европа.
– Русија ги зголемува тензиите во балтичкиот регион, Русија ги зголемува тензиите во Полска, на Црното Море, Русија ги зголемува тензиите во вселената – рече Мерц.
Тој додаде дека ескалацијата се чувствува и на германска територија, „дури и по цена на човечки животи“.
– Како Европејци, мораме, и ќе ѝ поставиме јасни граници на Русија – порача германскиот канцелар.
Предупредувањата на Мерц доаѓаат во период кога западните разузнавачки служби, според медиумските извештаи, изразиле загриженост дека Русија би можела да постави во орбитата сателит опремен со нуклеарно оружје, наменет за уништување или онеспособување сателити.
Темата беше отворена и на заедничката прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и Мерц на 23 ноември во Берлин.
Руте порача дека Алијансата постојано ја проценува безбедносната состојба, вклучително и заканите во вселената, и дека ќе се погрижи да ја заштити целата територија на своите членки.
– Можам да ве уверам дека секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа подразбира и да бидеме безбедни кога станува збор за вселената – изјави Руте.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
