Background

Мерц очекува Германија да преземе одговорност за себе

Ерата на безусловно трансатлантско пријателство веројатно е завршена во догледна иднина, изјави синоќа германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Зборувајќи на предизборен состанок на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), пред регионалните избори во Берлин во недела, Мерц рече дека Европа е сведок на „пресврт во политичкиот став од другата страна на Атлантикот“.

Односите меѓу Европа и САД се влошија по враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа на почетокот на 2025 година, со големи спорови околу иднината на Гренланд, воведувањето царини и со финансирањето на НАТО.

- Advertisement -
Ad image

Мерц го предизвика гневот на Трамп претходно оваа година кога рече дека „Иран го понижува Вашингтон“ во актуелниот конфликт.

Германскиот канцелар нагласи и дека оваа промена во ставот на Вашингтон, исто така, создаде можност што Европа мора да ја искористи.

– Одамна е време да преземеме одговорност за себе – рече Мерц, посочувајќи на зголемените трошоци за одбрана на неговата влада.

Тој се осврна и на економското закрепнување на Германија.

– На пат сме да излеземе од кризата. Излеговме од оваа бездна на намалување или стагнација на економијата, ареформите се сè уште неопходни – рече тој, нагласувајќи го очекуваниот економски раст од околу 1,3 проценти оваа година.

Најновата анкета на јавното мислење во Германија покажа дека речиси половина од Германците (48 отсто) очекуваат канцеларот Мерц да биде сменет до крајот на годината.

Рејтингот на Мерц падна во последните месеци и тој би можел да се соочи со ново понижување за 2 дена, на изборите в недела кога две источни покраини ќе гласаат на регионалнни избори, и тоа две седмици откако десничарската Алтернатива за Германиј“ оствари убедлива победа во Саксонија-Анхалт. Последните истражувања покажаа дека ЦДУ може да очекува околу 7 отсто поддршка во покраината Мекленбург-Западна Померанија, што е опасно блиску до изборниот праг од 5 отсто за влез во покраинскиот парламент. Доколку тој резултат биде потврден на изборите в недела, тоа ќе биде најлошиот резултат на партијата во која било од 16-те германски покраини, како и на национално ниво, од крајот на Втората светска војна наваму.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation