„Девојко, ти веќе не си премиер на Канада, така што не е важно што ќе кажеш“, му напиша на Икс еден од најбогатите луѓе на планетата на канадскиот премиер Џастин Трудо, откако Трудо користејќи ја фразата „топки“ напиша дека нема шанса Канада да стане дел на САД.
Техномилијардерот Илон Маск, кој во последните недели коментира многу случувања во политиката, не остана покусо и се замеша во караницата меѓу Трудо и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Топките“ на Трудо беа одговор на најавите на Трамп дека Канада треба да стане 51. држава на САД и дека заедно со САД би биле и те како голема нација.
Потоа дојде коментарот на Маск.
Познатиот милијардер ќе биде министер за ефикасност во новата администрација на Трамп и се очекува да отпушти стотици илјади државни службеници.
Повеќе европски политичари, меѓу кои и францускиот претседател реагираа на фактот дека Маск сè повеќе ги коментира случувањата во Европа, но и во светот.
Маск ја поддржа екстремната десница во повеќе европски држави, меѓу кои во Германија и го нарече тиранин актуелниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Тој исто така јавно праша дали САД треба да ја ослободат Велика Британија од „тиранската влада“, на што доби одговор од британскиот премиер Кир Стармер.
Маск негува симпатии и кон Џорџа Мелони, премиерка на Италија чија партија „Браќа на Италија“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
