Background

Марк Закерберг изјави дека лабораториите за вештачка интелигенција треба да се потпираат на независни оценувачи и советници за да гарантираат дека моделите се безбедни

Главниот извршен директор на „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.) Марк Закерберг изјави дека лабораториите за вештачка интелигенција треба да се потпираат на независни оценувачи и советници за да гарантираат дека моделите се безбедни.

„Ангажирањето независни оценувачи и советници е најдобра практика во индустријата“, напиша Закерберг во вторникот во објава на Икс, приклучувајќи се кон сè поголемиот број технолошки директори кои се вклучуваат во глобалната дебата за најдобриот начин да се спречи системите за ВИ да му наштетат на човештвото.

Некои претставници на компаниите изразија поддршка за забавување на темпото на развој на ВИ и се заложија за заедничка работа за да се постигне консензус. „Мета“ самостојно одлучи да ја забави работата на алатката за ВИ Мјуз (Muse), наместо прво да побара од конкурентите и тие да го проверат сопствениот напредок, напиша Закерберг.

- Advertisement -
Ad image

„Мета го одложи пуштањето на Мјуз за неколку месеци за да се фокусира на безбедноста и заштитата“, напиша тој. „Не ги повикавме сите други да го направат тоа пред ние да го сториме. Едноставно го направивме како дел од нашата секојдневна работа бидејќи очигледно беше правилно за луѓето и за нас.“

Бурната дебата за економските и безбедносните ризици од ВИ се засили во текот на викендот со есеј од 3.800 зборови на главниот извршен директор на „Антропик“ (Anthropic PBC), Дарио Амодеи, кој повика на забавување на темпото на развој на најнапредните системи за истражувачите подобро да ги разберат потенцијалните закани. Главниот извршен директор на „Опен еј-ај“ (OpenAI), Сем Алтман, и главниот извршен директор на „Спејс екс еј-ај“ (SpaceXAI), Илон Маск, чии компании се жестоки ривали на „Антропик“, го поддржаа текстот на Амодеи, а еден директор на „Опен еј-ај“ изјави дека компанијата соработува со „Антропик“ и „Гугл“ (Google) на безбедноста на ВИ.

Објавата на Закерберг беше првото јавно вклучување на главниот извршен директор во најновиот круг дискусии за тоа како да се одговори на растечката загриженост, надоврзувајќи се на коментарите на директори од целата индустрија за ВИ и на законодавци ширум светот.

Главниот извршен директор на „Енвидија“ (Nvidia Corp.), Џенсен Хуанг во вторникот даде слични забелешки, велејќи дека безбедноста треба да биде редовен дел од процесот на развој и дека компаниите можат да одлучат да не пуштаат производи што се штетни.

– Безбедноста е од најголема важност. На многу начини, таа е задача број еден. Сепак, безбедноста е инженерски проблем – рече Хуанг за време на настан на „Сејлсфорс“.

Тој додаде дека постои „лажен избор“ дека развојот на ВИ мора да биде или безбеден или брз.

– Дефинитивно можете да ги имате и двете истовремено. Го приспособувате темпото сè додека не бидете сигурни дека пуштате нешто што пазарот ќе го цени. Пазарните сили веќе се присутни – рече Хуанг.

На истата конференција на „Сејлсфорс“, Алтман од „Опен еј-ај“, исто така, зазеде помирен став, велејќи дека смета дека компаниите за ВИ можат безбедно да ја развиваат технологијата, без да им нанесат значителна штета на луѓето.

– Многу сум уверен во способноста на нашата компанија – во способноста на нашата индустрија – да го направи ова безбедно – рече Алтман.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation