Педесетиседумгодишниот Марк Ентони (вистинското име му е Марко Антонио Муњиз), кој важи за еден од најуспешните латиноамерикански музичари во светот, го очекува своето осмо дете. Со 30 години помладата сопруга, парагвајската убавица Надиа Фереира, со која се во брак од 2023-та година веќе имаат едно заедничко дете, синот Маркито.
Инаку, музичарот има и две возрасни деца со поранешната девојка Деби Росадо и две возрасни деца од бракот со поранешната Мис Универзум Дајанара Торес. Тој има и близнаци тинејџери со поранешната сопруга Џенифер Лопез.
Овојпат, тој и неговата сопруга направија раскошна „baby shower“ забава. Според фотографиите и видеата што ги објавија на социјлните мрежи, забавата била исполнета со многу игри кадешто татковците менуваат пелени на кукла, ги хранат сопругите со бебешки кашички, а на крајот сечат огромна торта во форма на бебешка количка. Целиот простор е украсен во розево и изгледа како да е дел од некоја бајка.
Освен што целиот простор бил тематски декориран во розева боја, со оглед на тоа што очекуваат девојче, се гледаат и масите украсени со цвеќиња, кристални свеќници и уште многу други декорации, како и цветни аранжмани во форма на мече и буквата М.
26-годишната трудница била облечена во долг розев фустан, а Марк Ентони носи пастелно розево одело.
Tagged as:
Марк Ентони и неговата 27-годишна сопруга направија раскошна забава за бебето
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
