Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Украинците ќе мора да имаат реалистична позиција во врска со прашањата за нејзината територија, што ќе биде напор повеќе за да се дојде до преговори со Русија, јави Ројтерс.
– САД треба да ни помогнат да ја промениме природата на ситуацијата и да ја убедат Русија да седне на преговарачка маса“, додека Европејците ќе треба да „изградат безбедносни гаранции“ за Украина, што ќе биде нивна примарна одговорност – рече Макрон за време на годишниот состанок на француските амбасадори на кои им ги презентираше главните точки од својата надворешна политика.
Макрон рече дека Европа треба побрзо да ја зајакне својата одбранбена индустрија соочена со растечките закани.
– Прашањето е дали Европејците сакаат да го произведат она што ќе им биде потребно за безбедноста во следните 20 години или не, затоа што ако зависиме од американската индустриска и технолошка одбранбена база, тогаш ќе имаме големи дилеми и стратешка зависност – изјави тој.
Францускиот лидер изјави дека спорната програма за збогатување ураниум на Иран се приближува до „точката од која нема враќање“ и дека европските партнери кои учествуваат во веќе „мртов“ нуклеарен договор со Техеран од 2015 година треба да размислат за повторно воведување санкции ако нема напредок со Техеран.