Background

МАКЕДОНКАТА ШТО ПРЕГАЗИ КУЧЕ ВО ЦРНА ГОРА ДОБИ 45 ДЕНА ЗАТВОР

Сашка Стојановска (43) од Скопје е осудена на 45 дена затвор откако Основниот суд во Улцињ ја прогласил за виновна за кривичното дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“.

Според пресудата, Стојановска на 24 јули околу 15 часот, управувајќи „мерцедес“ на булеварот Теута во населбата Улцињско Поле, најмалку двапати поминала со автомобилот преку куче од расата шарпланинец.

Инцидентот се случил во близина на хотелот „Хоти“. Кучето, кое било во сопственост на оштетениот, се здобило со повреди од кои угинало.

- Advertisement -
Ad image

При одмерувањето на казната судот зел предвид повеќе олеснителни околности. Меѓу нив се семејните прилики на Стојановска, фактот дека е мајка на две деца, од кои едното е малолетно, како и тоа што претходно не била осудувана.

Како олеснителна околност била земена и нејзината битно намалена пресметливост во моментот кога било извршено делото. Тоа било утврдено врз основа на наод и мислење од медицински вештак – психијатар.

„Околности кои ја отежнуваат вината судот не најде“, се наведува во пресудата.

Судот оценил дека 45-дневната затворска казна одговара на тежината на делото, личноста на обвинетата и околностите во кои било извршено. Според образложението, казната треба да влијае и врз спречувањето идно противправно однесување и да претставува општествена осуда на мачењето и убивањето животни.

Во изречените 45 дена ќе ѝ биде засметано времето што Стојановска го поминала во притвор, сметано од 24 јули 2026 година во 20:30 часот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation