Background

Македонија влегува во значително постудена седмица, со пад на дневните температури, засилен северен ветер и нови врнежи

Македонија влегува во значително постудена седмица, со пад на дневните температури, засилен северен ветер и нови врнежи. Најизразена промена се очекува од утре, вторник, 13. октомври, кога дождот на повисоките планини може да премине во снег, додека на повеќе места дневните температури ќе останат околу или под 15 степени.

Промената доаѓа по неколкудневниот период со релативно високи октомвриски температури и нестабилност што веќе донесе дожд во повеќе делови од земјата.

Според прогнозата на УХМР, денеска, понеделник, времето ќе остане променливо облачно, со локален дожд и северен ветер, додека утре, вторник се очекува поизразен пад на температурите и повеќе врнежи. Во делови од земјата локално може да наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.

На планинските подрачја над околу 1.500 метри врнежите може да преминуваат во снег, со услови за формирање снежна покривка. Истата прогноза предвидува засилен, локално силен северен ветер, со удари што на места може да надминат 60 километри на час.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопската котлина исто така се очекува посвежо време. Девните температури ќе се движат околу 20 степени, а потоа тие ќе се спуштаат кон 15 до 17 степени, со постудени утра и повремени врнежи. Сличен пад се очекува и во другите градови, иако температурите ќе се разликуваат во зависност од регионот и надморската височина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖