Македонија викендов ја очекува значителен студен и снежен бран

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија викендов ја очекува значителен студен и снежен бран кој според прогнозите може да донесе нова снежна покривка од 50 сантиметри до еден метар на планините и на скијачките центри. Поголема снежна покривка ќе се формира и во делови од пониските предели, вклучувајќи ги и градовите.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува снежен бран почнувајќи од петок.

„Поради тоа што сѐ уште е неофицијално, можно е варирање околу очекуваната снежна покривка. Ќе видиме што ќе покажат најновите ажурирања“, напиша Попоски на Фејсбук.

Потврда за снежниот бран доаѓа и од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека до петок времето ќе остане стабилно, но во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, што ќе одржи пониски температури.

На планините, пак, ќе продолжи постепеното топење на постојната снежна покривка.

„В петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели“, изјави дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска-Мишкоска.

Предупредувања за силниот студ и снег пристигнуваат и од соседните земји. Српските метеоролози исто така прогнозираат дека Балканот ќе биде зафатен од студен бран кој може значително да влијае на условите за движење.

Сите граѓани се повикуваат да бидат внимателни, особено оние кои планираат патувања за време на викендот, и да ги следат препораките на надлежните институции за справување со снежните услови.

Share This Article