Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, рече вицепремиерот и министер за финансии, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија (ЈЕТРО).
Во однос на глобалната криза, рече Николоски, Македонија се обидува да ги задржи добрите економски показатели.
– Во целиот регион на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек околу 3%, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релевантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги коригираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од 3,8 % на БДП. Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен – рече Николоски.
Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ.
-Македонија е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки. Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Турција, Унгарија и САД. Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналниот данок на доход изнесува 10%, данокот на добивка е исто 10% која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование – посочи вицепремиерот Николоски.
Тој рече и дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, и во делот на трговската размена, но и во однос на инвестициите и другите форми на економска соработка.
ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.
Tagged as:
Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
