Background

МАКЕДОНИЈА НЕ БАРА ГАРАНТИРАНО ЧЛЕНСТВО, ТУКУ ФЕР ПРАВИЛА ЗА ПРЕГОВОРИ

„Важно е да нагласам дека не бараме гаранции дека ќе станеме членка во ЕУ, туку уверување дека нашите пристапни преговори нема да зависат од билатерални прашања поврзани со историјата и идентитетот“.

Вака истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитросвки денеска во Рим. На состанокот со колегите министри од Групата „Пријатели на Западен Балкан“, Димитровски истакна дека Македонија останува цврсто посветена на спроведувањето неопходни реформи, при што нагласи дека напредокот кон членството треба да се оценува исклучиво врз основа на исполнувањето на Копенхашките критериуми и постигнатите реформски резултати.

Состанокот се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио  Тајани.

- Advertisement -
Ad image

На средбата учествуваа министрите за надворешни работи од земјите – членки на Европската Унија и од Западен Балкан, како и високи претставници на институциите на Европската Унија. Во фокусот на дискусиите беа иднината на политиката на проширување, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на регионот во зајакнувањето на европската стратешка автономија.

Во рамки на дискусијата посветена на политиката на проширување, заменик министерот Димитровски истакна дека проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и отпорноста на Европа, нагласувајќи дека пристапниот процес мора да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, со полноправното членство во Европската Унија како единствена крајна цел.

На панелот посветен на европската стратешка автономија на Европската Унија и европските предизвици поврзани со обезбедувањето храна, синџирите на снабдување и поврзаноста, Димитровски ја истакна важноста на подобрата интеграција и поврзаност на Западен Балкан со Европската Унија, како и потребата од унапредување на инфраструктурните, транспортните и економските врски.

Тој нагласи дека зајакнувањето на регионалната поврзаност и отпорноста на синџирите на снабдување се од клучно значење за поголема конкурентност и стабилност на целиот регион.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation