Background

Истражување покажува дека нова инјекција го намалува нивото на масти во крвта за дури 46 отсто

Не сите масти во нашето тело се складирани во ткивата; некои форми постојано циркулираат низ крвотокот.

Триглицеридите постојано се движат низ крвните садови, спакувани во липопротеински честички, подготвени да се искористат како извор на енергија или да се складираат за подоцнежна употреба.

Сепак, кога ќе дојде до нарушување во метаболизмот на мастите, триглицеридите можат да се акумулираат во крвотокот, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.

- Advertisement -
Ad image

Нова инјекција би можела да го намали нивото на овие масти во крвта за дури 46 отсто.

Во клиничко испитување од фаза 2Б – чии резултати беа објавени во списанието *The New England Journal of Medicine* – нова терапија заснована на антитела го нормализираше нивото на триглицериди кај повеќе од половина од пациентите кои примиле висока доза од лекот.

Лекот, познат како MAR001, е развиен од компанијата *Marea Therapeutics* – која неодамна беше преземена од *Lisata Therapeutics*, компанијата што го финансираше ова клиничко испитување, пренесува *ScienceAlert*.

„И покрај напредокот во терапиите за намалување на липидите, многу пациенти сè уште имаат покачени триглицериди и зголемен кардиоваскуларен ризик“, вели водечкиот автор на студијата, кардиологот Мишел О’Донохју од *Mass General Brigham*.

Таа додава дека „резултатите сугерираат оти MAR001 би можел безбедно и ефикасно да го намали нивото на триглицериди“. MAR001 е моноклонално антитело кое делува врз протеинот познат како ANGPTL4. Нивото на овој протеин е особено покачено по периоди на гладување; тој делува така што ја инхибира липопротеинската липаза – главниот ензим одговорен за разградување на триглицеридите во крвотокот.

Поединците кои поседуваат одредени варијанти на генот што го кодира протеинот ANGPTL4 имаат пониско ниво на триглицериди, како и намален ризик од дијабетес и коронарна срцева болест.

MAR001 е лек дизајниран да ги искористи овие придобивки. Различни дози од лекот беа тестирани кај 235 учесници со покачено ниво на триглицериди.

Пациентите што учествуваа во ова рандомизирано, двојно слепо клиничко испитување беа вклучени преку 48 центри во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Во текот на вкупно 24 недели, тие примаа поткожна инјекција на секои четири недели. Некои учесници добија плацебо, додека на други им беше даден лекот MAR001 во дози од 300, 450 или 900 милиграми.

За само 12 недели, сите дози на MAR001 покажаа ветувачки резултати.

Инјекциите со овој нов лек значително го намалија нивото на триглицериди на гладно – за 39 до 46 отсто во споредба со плацебото. Лекот, исто така, го намали нивото на „реминантен“ холестерол (холестерол содржан во преостанатите липопротеински честички) за 37 до 41 отсто. Овој двоен ефект би можел значително да ги намали кардиоваскуларните ризици, иако долгорочните здравствени исходи не беа анализирани за време на испитувањето.
Сепак, по само 12 недели, речиси 52 отсто од пациентите кои ја примиле највисоката доза од лекот MAR001 постигнале нормално ниво на триглицериди, во споредба со само 3,4 отсто од оние кои добиле плацебо.

Понатаму, овие позитивни ефекти во голема мера се задржаа во текот на 24 недели, што укажува на потенцијал за долготрајно влијание.

Кога нивото на триглицериди во крвта ќе достигне 500 mg/dL или повеќе, состојбата се класифицира како тешка хипертриглицеридемија (sHTG).

Ова е опасна состојба која може да го зголеми ризикот од акутен панкреатитис – ненадејно воспаление на панкреасот.

Во едно неодамнешно клиничко испитување, учесниците кои имале највисоко почетно ниво на триглицериди се чини дека имале најголема корист од инјекциите со MAR001.

Во оваа група, нивото на триглицериди се намалило за дури 72 отсто во споредба со почетните вредности.

„Овие резултати се особено охрабрувачки, со оглед на потребата од дополнителни опции за третман на тешка хипертриглицеридемија – состојба кај која многу пациенти остануваат изложени на ризик од сериозни компликации, вклучително и акутен панкреатитис, и покрај моментално достапните терапии“, објаснува О’Донохју.

Веќе се спроведуваат дополнителни истражувања за оваа состојба. „MAR001 ги исполни сите цели во Дел А од испитувањето и веруваме дека овие податоци обезбедуваат убедлива клиничка потврда за ефикасноста на инхибирањето на протеинот ANGPTL4“, вели Џош Лерер, извршен директор на компанијата Marea Therapeutics. Тој додаде дека „поединците со тешка хипертриглицеридемија имаат потреба од терапија што може да помогне во спречување на панкреатитис, без притоа да го зголеми ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања – ризици на кои многумина од нив се веќе изложени“.

„Веруваме дека MAR001/MAR005 има потенцијал да стане токму таква терапија. Сега, со голем залет, преминуваме кон Дел Б од испитувањето, во кој се вклучени пациенти со тешка хипертриглицеридемија“, изјави Лерер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖