Луксузен туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, се најде меѓу трите инвестиции што ги испитува албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК).
Истрагата е отворена по кривична пријава против премиерот Еди Рама, други високи функционери и приватни компании, објавиja албанските медиуми.
Обвинителството во писмо од 6 ноември, потпишано од неговиот раководител Клодјан Брахо, потврдило дека предметот е во истражна фаза.
Кривичната постапка со број 97 е заведена на 10 септември 2026 година.
Пријавата ја поднеле група експерти и учесници во протестите против изградбата на туристички комплекси во Звернец, Бакс-Рјол и Дивјака-Караваста.
Подносителите бараат да се испитаат сомневањата за злоупотреба на службената положба, незаконско влијание врз функционери, корупција и организиран криминал.
Според нив, при одобрувањето на проектите се повторувал ист механизам: најпрво се менувале законските правила, потоа се усвојувале посебни урбанистички планови, а на крај се издавале градежни дозволи.
Клучните одлуки ги носел Националниот совет за територија, со кој претседава премиерот Рама.
Еден од трите проекти се наоѓа во Звернец, на албанското крајбрежје, во близина на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта.
Инвестицијата е поврзана со бизнис-плановите на Џаред Кушнер и неговата компанија „Афинити партнерс“. Проектот претходно предизвика протести поради загриженоста за животната средина и имотните права на локалните жители.
Првиот генерален план за Звернец бил изработен во 2022 година за групацијата „Кастрати“.
Според истражувањата на „Ситизенс“, проектот денес го развива компанија регистрирана преку холандска структура, чии вистински сопственици не се јавно познати.
Албанските власти претходно ја бранеа инвестицијата како можност за развој на туризмот.
Вториот случај се однесува на луксузниот комплекс „Блу Борго“ во Бакс-Рјол. На 17 декември 2024 година биле одобрени посебни правила за неговата изградба, со одлука потпишана од Рама и тогашната вицепремиерка Белинда Балуку.
Проектот добил статус на стратешка инвестиција, иако, според подносителите на пријавата, надлежната агенција двапати потврдила дека не постои одлука на Комитетот за стратешки инвестиции за доделување таков статус.
Третиот проект е „Кингскоаст“ во Дивјака-Караваста, каде што е предвидена изградба на нов туристички комплекс во рамките на национален парк.
Неговиот генерален план бил доставен во октомври 2023 година, додека подрачјето сè уште било заведено како заштитена зона.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
