Background

Литвански и странски војници започнаа потрага по четворица американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба на НАТО во Литванија во близина на границата со Белорусија

Литвански и странски војници започнаа потрага по четворица американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба на НАТО во Литванија во близина на границата со Белорусија, јавува Ројтерс. Тие исчезнале околу 16 часот и 45 минути во вторник во близина на Пабраде во нивното возило.

Портпаролот на армијата Гинтаутас Цјунис изјави дека потрагата е во тек, но властите во Литванија сè уште не потврдиле дали исчезнатите војници се мртви. Војниците, наводно, изведувале тактичка обука на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, кој е на десет километри од границата со Белорусија.

Според извори од еден од најтиражните литвански медиуми, Lietuvos Rytas, во мочуриште било пронајдено возило со трага со четворица војници, а сите исчезнати војници се мртви. Официјални извори сè уште не ја потврдуваат трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Американската војска спроведува заеднички вежби со литванските сили во услови на зголемени тензии меѓу балтичките држави и Русија.

Амбасадата на САД во Вилнус во средата поврди дека војниците исчезнале, но дека не се знае кога.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation