Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека неговата влада „постигна извонредни резултати“ во својот четиригодишен мандат, спомнувајќи ги справувањето со пандемијата на коронавирус, енергетската криза и инфлацијата, визната либерализација, трошоците за струја на север и затворањето на нелегални објекти.
Курти рече дека сиромаштијата во Косово е намалена од 25,5 отсто во 2021 година на 19,2 отсто во 2024 година, пренесува порталот Reporteri.net.
Одржани се 254 владини седници и донесени 2.257 одлуки, секогаш во најдобар интерес на благосостојбата на граѓаните, економскиот развој и реформите неопходни за напредок и заштита на државниот и јавниот интерес, рече Курти.
Во услови на пандемијата, во услови на енергетска криза и инфлација предизвикана од војната во Украина, и покрај пречките и фрустрирачките одложувања со жалбите на опозицијата до Уставниот суд кои блокираа многу работи, и покрај паравоените и терористичките напади и континуираните обиди на Србија да ја дестабилизира владата, постигнавме резултати, рече Курти.
Според Курти, во четири општини во северно Косово почнало да се плаќа струја, се собираат даноците на имот, а нелегалните регистарски таблички и возачките дозволи се укинати.
За прв пат по подолго време се зголемија пензиите, мајките на породилно добиваа државен надоместок, а детскиот додаток беше двојно зголемен. Платите во јавниот сектор се трипати зголемени, минималната двојно, а во следниот мандат повторно ќе бидат зголемени на 500 евра, најави Курти.
Tagged as:
Курти: Мојата влада постигна извонредни резултати во својот четиригодишен мандат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖