Брутално нарушен јавен ред и мир во Казино Моцарт, лоцирано на улица Димитар Влахов во Охрид. Епилог, неколку лица тешко повредени.
Настанот се случил рано изутрина, околу 6:30 часот, кога неколку млади лица, туристи, влегле во казиното во видно алкохолизирана состојба. Истите веднаш започнале вербална расправија со две повозрасни лица од Охрид, кои играле во автомат клубот Моцарт.
Младите алкохолизирани лица се почувствувале премногу силни, па започнале да удираат кон другите две лица, кои возвратиле на нападот. Епилог, крв насекаде низ казиното, едно лице со тешки повреди и друго лице во бессознание.
Очекуваме известување од МВР на РСМ во врска со предметниот настан, но нејасно е како Казино Моцарт дозволува влез на млади алкохолизирани лица, на кои им се служи алкохол, иако се знаат правилата дека алкохолизирани лица немаат право на влез.
Друго суштинско прашање е и фактот дека казиното немало обезбедување.
Tagged as:
вести Охрид инцидент јавен ред и мир Казино Моцарт мвр охрид тепачка црна хроника
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
