Background

Кривична за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување

Директорот и еден социјален работни од Меѓуопштински центар за социјални работи во Македонски Брод и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство.

Како што информира МВР, пријавени се Р.С. (38), директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, и К.В. (44), социјален работник во истата институција. На 7 март годинава тие добиле телефонска пријава за полов напад и силување врз дете сместено во згрижувачко семејство. И покрај тоа, двајцата не презеле никакви службени дејствија ниту, како што е законска обврска, го пријавиле делото.

„Свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале при вршење на службената должност“, соопшти полицијата, посочувајќи дека со своето молчење создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва.
Против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кичево за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ по член 364 од Кривичниот законик.

- Advertisement -
Ad image

Инаку во овој случај против 64-годишниот Б.С. од Македонски Брод е поднесена кривична пријава под сомнение дека извршил силување врз малолетно девојче. Судија на претходна постапка му изрече 30-дневен притвор, а осомничениот е спроведен во Затвор Битола.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation