Скопскиот Кривичен суд излезе со информации во врска со предметите поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски. Од Кривичен соопштуваат дека против осудениот Груевски во моментов активни се две потерници за извршување на санкции.
„Во случајот познат како „Насилство во Центар“, со пресуда К.бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на 10.09.2027 година; како и предметот познат како „Плацеви на Водно“, со пресуда КОК 63/21, за кој е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 732/23, со единствена казна затвор од 9 години, чие извршување застарува на 14.02.2043 година.
Со оглед дека за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, истата е заменета со казна затвор во траење од 180 дена, чие извршување застарува на 14.02.2027 година.
Во однос на предметот познат како „Тенк“, со пресуда КОК 59/17, за кој е оформен предмет за извршување на казна затвор во траење од 2 години (КУИКП 1807/18), ја известуваме јавноста дека извршувањето на казната е застарено на 16.10.2024 година, поради исполнување на роковите утврдени со Кривичниот законик.
Имено со оваа пресуда Н.Г. е огласен за виновен за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ и осуден на казна затвор во траење од 2 години, која пресуда е правосилна од 4.10.2018 година. Апсолутна застареност за извршување на оваа пресуда согласно одредбите од чл. 109 и чл. 111 од КЗ, настапила на 04.10.2024 година. Поради тоа, судот по службена должност донел решение за апсолутна застареност на извршувањето на санкцијата“, сопштуваат од Кривичниот суд.
Дополнително, активни се и предмети во кои на истото лице му се суди во отсуство, со оглед дека не е достапно за органите на прогонот, и тоа предметите познати во јавноста како „Титаник“ и „Талир 2“.
Tagged as:
Кривичен суд се „отчита“ за предметите поврзани со Никола Груевски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
