На Кристина Аплејгејт ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза во летото 2021 година, додека ја снимала третата и последна сезона на серијата на Нетфликс „Dead to Me“. Познатата 53-годишна актерка оттогаш отворено зборува за животот со оваа болест, со цел да ја подигне свеста за неа. Таа открила и дека првите симптоми се појавиле години пред да ја добие конечната дијагноза.
Минатата година во емисијата „This Life of Mine“ на Џејмс Корден зборуваше за своите искуства и издвои пет „чудни“ симптоми што ги забележала пред да ја добие дијагнозата.
Меѓу првите пет знаци што ги издвојува се:
– проблеми со рамнотежата,
– потешкотии со говорот,
– треперење на рацете,
– слабост во колената при одење и
– вкочанетост на прстите на нозете.
– Работите стануваа сè почудни. Наскоро требаше да почнеме со снимањето на последната сезона од серијата „Dead to Me“, а јас веќе тогаш велев:
– Луѓе, не можам ни по скалите да се качам до мојата приколка – раскажала актерката.
Аплејгејт подоцна сфатила дека овие симптоми не биле само случајни непријатности, туку дел од пошироката слика на болеста.
Еден од првите моменти што ѝ останал во сеќавање бил поврзан со снимањето на серијата „Dead to Me“. Во 2019 година, додека снимала сцена во која требало да трча низ поле, паднала и ја изгубила рамнотежата. Во тоа време не помислила дека станува збор за симптом на мултиплекс склероза. Подоцна сфатила дека токму тоа можело да биде еден од раните знаци.
Со текот на времето проблемите станувале сè поизразени. Кога започнала третата и последна сезона на „Dead to Me“, состојбата значително ѝ се влошила и почнала да чувствува дека телото повеќе не ѝ функционира на начинот на кој била навикната.
Дијагнозата ја добила во текот на снимањето на третата сезона. Лекарот ја повикал на разговор преку „Зум“, а магнетната резонанца покажала околу 30 лезии во мозокот. Аплејгејт потоа морала да ѝ ја соопшти веста и на екипата на серијата, по што снимањето било привремено прекинато за да може да започне со лекување.
Мултиплекс склерозата е хронична болест на централниот нервен систем која може да предизвика различни симптоми, меѓу кои проблеми со видот, движењето, рамнотежата. Симптомите и нивната тежина значително се разликуваат од човек до човек, а денес постојат терапии што можат да го контролираат текот на болеста и да ги ублажат симптомите, иако сè уште нема лек кој ќе ја излекува мултиплекс склерозата.
Аплгејт во март годинава отворено пишуваше и за животот со болеста, опишувајќи силна исцрпеност, болки, проблеми со движењето и сериозни стомачни тегоби. Таа прима инфузии на секои шест месеци за забавување на напредувањето на болеста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
