Музички спот на познатиот косовски рапер Дон Џони, чиј дел е снимен во Македониумот во Крушево, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Во видеото, кое има повеќе од 4,3 милиони прегледи, „Македониумот“ е дел од сценографијата.
Додека некои коментираат дека не би требало во овој простор да се снимаат спотови, други граѓани не гледаат ништо спорно во тоа и сметаат дека реакциите се претерани.
Директорот на Историскиот музеј Крушево за СДК.мк потврдил дека споменикот бил изнајмен за околу 500 евра за снимањето на спотот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони.
– Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука просторот да може да се отстапува со соодветна цена, да се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати – вели Миха Оџаклиески.
Директорот вели дека сцените со кревети и играње не се снимени во Македониумот, туку на други локации.
Споменичкиот комплекс Македониум е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски, а отворен е на 2 Август 1974, на денот на 30-годишнината на заседанието на АСНОМ и 71-годишнината од Илинденското востание. Во Македониумот се наоѓа гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската република создадена со Илинденското востание во 1903.
Лани, македонската група „Некст тајм“ го објави проектот „Македониум“ снимен во истоимениот споменик.
Погледнете го спотот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
