Background

Комитетот за национални малцинства го исполни барањето на друштвото „Илинден“

На почетокот на оваа година прокниживме последователен успех во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата во којашто е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“.

Ѓурѓај вели друштвото „Илинден“ во јануари 2023 до Комитетот го поднело барањето за повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и по два месеци добиле одговор дека барањето че биде разгледано. Но, една година подоцна, таблата сè  уште не била поставена.

– Поради тоа на 25 април минатата година испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот. Во средината на јуни добивме допис дека ќе биде поставена и ете, конечно е поставена. Со тоа уште една институција во Албанија доби табла на македонски јазик – посочува Ѓурѓај во изјава за МИА.

- Advertisement -
Ad image

Претходно, по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

– Изразуваме голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција за нивното ангажирање да се реализира нашето барање и, секако, до Комитетот за национални малцинства, кој е владин орган, во кој свои претставници имаат деветте малцинства, признати со закон во Албанија – рече Ѓурѓај.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation