Background

Кој всушност личи на идиот, Бобан Милошевски од „Авалон“ или македонскиот народ кој трпи ваков однос?

Организаторот на концертот на Дејвид Гета, Бобан Милошевски од продукцијата „Авалон“, на вчерашната прес-конференција покажа крајна арогантност кон новинарите. Наместо да одговори на легитимното прашање зошто досега не е објавена сумата на договорот за настапот на светскиот дијџеј, тој возврати со контра прашање, праша дали новинарката смета дека тој изгледа како идиот.

Зарем тој личел на идиот? Не, тој не личи на идиот. Наликува на идиот, всушност, македонскиот народ, кој со години трпи вакви ситуации, договори склучени во четири очи, далеку од очите на јавноста, а од кои некој друг профитира.

Невозможно е во ниту една демократска земја да се формираат договори без јавноста да знае за парите кои се трошат од буџетот. А сепак, кај нас тоа стана правило, а не исклучок. Ваков модел на работење не е новина, истото го правеше и претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, во времето на Никола Груевски.

- Advertisement -
Ad image

Годишнината од независноста на државата ја пречекуваме со вакви вообразени и надуени ликови на јавни настани, со договори склучени тајно, а како посебна „честитка“ до граѓаните дојдоа и утринските поскапувања на нафтените деривати.

На крајот, сметката секогаш ја плаќа истиот, обичниот граѓанин.


#Тагови: Дејвид Гета, Бобан Милошевски, Авалон, концерт, независност, транспарентност, прес-конференција, Македонија, буџет, поскапување

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation