Кога бил донесен во Скопје имал со себе цел куп видео опрема и документи

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, додека бил во Турција планирал да замине за Минск и за Москва, наведоа обвинителите на денешното рочиште повикувајќи се на докази од неговата комуникација.

Обвинителката ја наведе целата комуникација на Палевски во критичните денови. Според неа, Палевски додека бил во Турција добил порака од Хусеин дека му резервирал лет за Минск, а самиот му напишал на извесен Драган дека доаѓа во Москва на 5 декември 2023 година.

– Од Палевски кон извесен турски број кој не бил на Хусеин имало повик од 9 секунди во критичниот период кога е убиена Вања, односно во 8.30 часот. Во периодот меѓу 27.11.2023 и 01.12.2023 нема остварено разговори, освен со Влатко Кешишев и со Стефан Димовски. На Телеграм имал најголем број разговори. Со анализа е утврдено дека на 22.11.2023 имал 7 пропуштени повици, а првиот остварен разговор бил во 12.10 часот. На 27.11.2023 зборувал преку Телеграм во 11 часот, 3 минути, откако претходно пропуштил два повика. На Ватсап има разговори од 23.11 до 2.12.2023 само со тројца корисници. На Фејсбук се користени 9 различни профили, од кои од интерес се 2 комуникации на 01.12.2023 со Стефан Димовски и со Влатко Кешишев. На Инстрагам користел само еден профил. На Вибер имал комуникација со извесен Драган, кој се наоѓал во Москва, кому Палевски на 01.12.2023 година му напишал дека на 05.12.2023 година треба да стигне во Москва и побарал од него помош да го земе од аеродром. На Ватсап битна е комуникацијата на 27.11.2023 во 10.40 часот со едно лице кое го прашува Палевски дали може да помине со извесен Ферад на кафе, на што Палевски му вели дека е уморен, цела ноќ неспиен – изнесе обвинителката.

Палевски побара да се изнесат докази кои се најдени во „ренџ роверот“ со кој тој се возел кон Турција.

Судијата Ивица Стефановски му рече да се стрпи додека обвинителката ги објасни доказите поединечно. Судијата ги опомена Палевски и неговиот адвокат Марјан Витанов да го почитуваат редот во судницата, зашто следниот пат ќе ги отстрани.

Обвинителите набројуваа кои предмети се пронајдени при извршените увиди на местата каде што е најден мобилниот телефон на оштетениот Жежовски, каде што е извршен увид за опожарениот „цитроен“ на Жежовски, кои траги кои се подигнати од „рено кангу“.

Во хартиена амбалажа со натпис „Макс Струмица“ бил најден мобилниот телефон на Жежовски.

Во автомобил „ренџ ровер“ биле најдени клучеви. Најдени се работните ракавици на Панче Жежовски и два отпушока од цигари во пластична чаша, но нејасно беше кажано каде.

На 07.12.2023 извршен е увид во подрумските простории во зградата на убиената Вања Ѓорчевска, на улицата Наум Наумовски Борче каде се најдени 7 отпушоци кои се испитани за траги. Подигнатите траги од „рено кангу“ со анализа е констатирано дека потекнуваат од Влатко Кешишев.

- Advertisement -
Ad image

Најдени се три вреќи, со кафеав џемпер, портокалова маица при извршениот увид на 05.12.2023 во автомобил „ренџ ровер“, за кои е констатирано дека се на Стефан Димковски.

– Најдена е голема вреќа со сива ПВЦ церада, во која бил завиткан Панче Жежовски пред да биде закопан во дупка со длабочина од 2,2 метри. Најдени се пластични шишиња, хартиена чаша со црн капак во „ренџ роверот“. Шишиња се подигнати од „рено кангу“, лопата, машка јакна, која е одземена од Влатко Кешишев. Лопата, туба со течност, вреќи со куфери, перничиња, теписон се подигнати од увидот на местото каде е најдено телото на Вања. Траги се подигнати од патеката на движење кон местото на настанот, за споредба со пневматиците на „рено кангу“ – рече обвинителката.

Направени се записници и за одземените предмети од Палевски, при неговото спроведување во затворот во Скопје. Тој со себе имал два лаптопа, фотоапарат, два мобилни телефона „самсунг“, два хард диска „самсунг“ и „тошиба“, мобилен полнач, хард диск „круцијал“, графичка карта „рајзен“, 3 УСБ-иња, виза дебитна картичка, две СД картички, сим картичка, микрофон, три пара слушалки за уши, кабли, адаптери. Во ранецот се пронајдени сим картичка, адаптер, УСБ.

- Advertisement -
Ad image

Од Палевски биле одземени 4 бели папки, една со натпис „Хрватска“, една жолта, две бели, една црвена со натпис „Велика Британија“, тетратка со натпис „Јустиција“, три други тетратки, проѕирна папка со документација од Хрватска, општински суд, Загреб…

Обвинителството предложи и нови докази кои не биле заверени кога било поднесено обвинението. Тоа се: Вештачење од психијатар за Палевски со заклучок. Потврда дека обвинетиот е осудуван од судот во Задар од 4.7.2019. известување од МВР, сектор за оружје, за тоа дали и кој од обвинетите поседува оружје со дозвола. ДВР уред од безбедносните камери на куќата на обвинетиот Велибор Манев, на кој се наоѓа материјал од 7 безбедонсни камери, од 20.11.2023 до 03.12.2023 година, со 24-часовно снимање. Овој ДВР материјал е екстрахиран на хард диск, кој ќе биде предаден на судот, заедно со известување од МВР, БЈБ, оддел за форензички испитувања.

Обвинителката предложи како доказ да биде изведен видеоматеријалот од 6 цедиња од 21.11 до 29.11.2023.

Судијата ги праша сите адвокати дали се согласни да се изведат овие докази. Адвокатот на Палевски не се согласи, зашто доказите не биле наведени во листата пред почетокот на расправата.

– Во оваа фаза на одбраната не ѝ е дадено доволно време да ги анализира овие докази. Сметаме дека судијата не треба да ги прифати – рече Витанов. Обвинителката појасни дека шесте цедиња од безбедносните камери на куќата на Манев се однесуваат на околностите на подготвување дента непосредно пред убиството на Жежовски и нивната понатамошна комуникација со користење на возилата кои и досега беа предмет на постапката.

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски рече дека не може во тек на судење да се изнесуваат нови и нови докази.

Обвинетиот Палевски приговори за доказот дека на 27.11.2023 година во 8.30 часот остварил комуникација со турски број од 9 секунди.

– Каде е телефонот во тој момент? Тоа е клучно – рече тој.

Судијата Стефановски на следното рочиште ќе одлучи дали ќе ги опфати новите докази на обвинителите. Судењето продолжува 21 февруари 2025 година.

Share This Article