Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради силни ветрови и песочни бури.
Двата големи меѓународни аеродроми – Пекинг Капитал и Дасин – откажаа вкупно 693 летови. Бурите, придружени со ветрови од над 140 км/час, урнаа стотици дрвја, оштетија автомобили и некои постари објекти во кинеската престолнина.
Истовремено, беа издадени предупредувања за дополнително влошување на временските услови, особено во северните и крајбрежните региони. Ветриштата во некои области достигнаа најголема сила во последните 75 години.
Меѓу затворените објекти во Пекинг се и забавниот парк „Universal Studios“, како и историските знаменитости Забранетиот град, Летниот дворец и Храмот на Небото. Откажани се и спортски и други настани на отворено.
Песочните бури се честа појава во сувиот север на Кина, каде што се наоѓаат пустините Гоби и Такламакан, но и покрај децениските напори за нивно сузбивање, тие сè уште претставуваат сериозна закана, особено за густо населените региони како Пекинг.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
