Холивудскиот актер Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант беа „уловени“ додека уживале на ручек во Лондон, пренесува „Пејџ сикс“. Двојката разменувала нежности, па дури и споделила неколку бакнежи додека јаделе и пиеле вино.
На фотографиите Ривс е насмевнат и воодушевено и внимателно ја слуша Грант додека зборува. Тие подоцна дури им се насмевнаа на фотографите додека шетале, држејќи се за раце.
Да потсетиме, парот првично ја чуваше во тајност својата врска, а наводно се запознале на вечера во 2009 година. Подоцна соработувале на две книги – „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенки“ од 2016 година. Иако присуствуваа на гала вечер на УНАИДС во 2016 година, тие ја започнаа романтичната врска дури во 2019 година.
Тогаш актерката Џенифер Тили изјави дека Ривс и Грант се забавувале со години, но дека никој не знаел. Во 2023 година, Грант искрено зборуваше за заљубувањето.
„Добрата вест за заљубувањето како возрасен е тоа што изградив сопствена кариера до почетокот на врската. Се чувствувам многу самоуверено со партнерот на црвениот тепих. Се чувствувам самоуверено кога сум сама“, рекла Грант.