По три години врска, манекенката Каја Гербер и актерот Остин Батлер официјално се разделија. Оваа вест, која изненади многу нивни обожаватели, доаѓа во време кога изгледаа како стабилен и среќен пар. Според извори блиски до парот, тие решиле да тргнат по својот пат, без никакви несогласувања или негативни емоции.
Иако засега нема официјални изјави за причините за раскинувањето, изворите велат дека Каја и Остин едноставно се оддалечиле, што довело до нивно раскинување.
„Нема никаква лутина меѓу нив“, рекол извор.
Во последните месеци, двајцата ги намалија своите јавни настапи и станаа многу подискретни, што ги подгреа шпекулациите за нивната врска.
Во едно неодамнешно интервју за магазинот „ВСЈ“, Каја истакна дека се труди да го заштити својот приватен живот, велејќи: „Мошне малку работи во мојот живот се приватни и јас се трудам да ги задржам оние што се приватни, да останат свети“.
Иако се обидуваат да ја зачуваат приватноста, гласините за раскинувањето на нивната врска почнаа на крајот на 2024 година, кога сè поретко беа видени заедно.
Врската помеѓу Каја и Остин започна во декември 2021 година, кога за првпат беа забележани заедно на еден собир во Лос Анџелес. Нивната романтична врска набрзо стана јавна тема, а двајцата официјално станаа пар на почетокот на 2022 година, кога заедно се појавија на црвениот тепих на забавата за најдобри перформанси на магазинот „В“.
Набргу потоа се појавија и на Мет Гала каде, иако пристигнаа одделно, разменија нежен бакнеж на скалите на музејот Метрополитен. Во текот на следните месеци, Каја и Остин поминуваа многу време заедно, поддржувајќи се еден со друг. Каја беше покрај Остин за време на сезоната на филмски награди 2022-2023 година, и двајцата поминаа време со своите семејства, при што Остин се зближи со родителите на Каја, Синди Крафорд и Ранде Гербер, и обратно. Остин со Каја и со нејзините родители одеше и на заеднички одмори.
Иако деталите за нивното раскинување остануваат нејасни, јасно е дека и двајцата одлучилњ да тргнат по својот пат.