Ќерката на најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна, е редовна на социјалната мрежа Инстаграм, па сега се пофали како изгледала нивната божиќна трпеза.
Уна Чолиќ решила на своите следбеници да им открие што им подготвила мајка им за Божиќ, па целото семејство се собрало да ручаат.
На трпезата на семејството Чолиќ имало сè, од печено месо до руска салата, како што е традиција во повеќето српски, но и македонски семејства.
Следбениците на Уна биле воодушевени, па и испратиле пораки за да ја пофалат нејзината мајка за специјалитетите кои ги подготвила.
Ќерката на Чола, Уна е многу популарна на социјалните мрежи, а пејачот сега откри и дали ја казнува.
– Таа само слика нешто. Ја казнувам, не ми се допаѓа тоа, но не можам да и забранам. Таа е таква… Едноставна, комуницира со луѓе, сака да се слика. Се сликаат со мене. Никогаш не сум бил таков, што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. А таа само телефонот. Не можам да и забранам, што да и направам. Тоа е сосема поинакво отколку што беше порано. Порано мораше да ангажираш фотограф да те слика или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа чекаш да ги направиш сликите – изјавил претходно пејачот, а потоа проговорил за жената.
За потсетување, Уна Чолиќ на крајот на година го прослави својот 23-ти роденден во интимна атмосфера, а моментите од прославата ги сподели со своите следбеници на Инстаграм. За овој повод одбрала елегантен стајлинг со нагласено деколте, додела централно место на масата заземала малата, но дизајнерски направена торта.