Background

Кејт Мидлтон откри како се чувствувала за време на болеста

Принцезата од Велс зборуваше за тоа како нејзината „изолирана“ и „осамена“ битка со ракот се претворила во позитивно искуство благодарение на луѓето што ги запознала на тој пат, во нов емотивен документарец.

Документарецот „Исцелување“ („Heal“), кој ќе биде емитуван в недела (29.11) на телевизијата Би-Би-Си 1, ја прикажува идната кралица како со досега невидена искреност зборува за дијагнозата и лекувањето на почетокот на 2024 година, како и за опоравувањето што сè уште трае.

Во центарот на документарецот е предизвикот „Три врва“, во кој таа учествуваше во јуни. Станува збор за искачување на највисоките планини во Англија, Шкотска и Велс во рок од само 24 часа, со цел да се соберат средства за болницата „Ројал Марсден“ во западен Лондон, каде што таа се лекуваше.

- Advertisement -
Ad image

Во снимката што денеска (27.11) ја објави Кенсингтонската палата, најпрво се гледаат ноќни кадри снимени во автомобилот во кој се вози принцезата, додека патува од Бен Невис во Шкотска – првиот врв што го искачи – кон својот втор предизвик, Скафел Пајк во Англија.

Во видеото таа вели:

– Справувањето со ракот или со која било долготрајна болест е осамено патување. Но, јасно е дека не сме создадени сами да ги носиме животните предизвици.

Во новообјавената видеоснимка од документарецот, Кејт се среќава и со членови на организацијата „Shine Cancer Support“, која им помага на возрасните лица со дијагностициран рак. Средбата се одржала во јуни, во паб во Ричмонд, во југозападен Лондон.

За време на разговорот со другите пациенти и преживеани од рак, таа признала дека досега не го споделувала своето искуство на ваков начин, надвор од семејството.

– Навистина многу ми значи што денеска се сретнав со сите вас. Прекрасно е што можам да го споделам моето лично искуство, но и да ги слушнам вашите приказни и да се поврзам со луѓе кои поминале низ нешто слично. Досега навистина не сум го истражувала ова надвор од кругот на моето семејство. Ви благодарам што ми дадовте време и отворен простор да разговараме за тоа – им рекла принцезата.

Во претходно објавен дел од документарецот, Кејт зборуваше и за тоа како дијагнозата ѝ го променила погледот кон животот.

– Кога ќе доживеете нешто такво, многу е тешко повторно да бидете личноста што сте биле претходно – рече таа.

Кејт ја објави дијагнозата во март 2024 година, по голема операција на абдоменот. По хемотерапијата, во јануари 2025 година соопшти дека болеста е во ремисија. Видот на ракот никогаш јавно не го откри.

Триесетминутниот документарец „Heal“ ја следи и нејзината подготовка и учество во предизвикот „Three Peaks“, во рамките на кој ги искачи највисоките планини во Шкотска, Англија и Велс во рок од 24 часа. Предизвикот го реализираше во јуни за да собере средства за добротворната организација „Royal Marsden Cancer Charity“. Документарецот ќе биде прикажан на Би-Би-Си 1 и на платформата Би-Би-Си Ајплеер на 29 ноември, а средствата од неговата меѓународна дистрибуција ќе бидат наменети за истата организација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖