Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку што сме во овој момент, изјави портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит за време на брифинг со новинарите.
– Претседателот е решен да го оствари тоа – додаде таа.
Запрашана дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за воведување санкции кон Русија доколку неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин утре не помине добро, Левит одговори: „тоа е нешто што претседателот го изнесе и тој секако е подготвен да го направи доколку е потребно“.
Таа одби да одговори на прашањето дали Трамп и Путин ќе разговараат за иднината на украинскиот претседател Володимир Зеленски.