Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови, ќе бидат обилни (локално над 40 литри на метар квадратен), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 сантиметри). Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и поради засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и на снежни наноси.
Утринските минимални температури ќе изнесуваат од -6 до +3 степени Целзиусови, а дневните максимални температури, од -4 до +4 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, а повремено засилен северен ветар.