Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години, доби отштета од 1,4 милиони долари Јапонскиот суд му досуди отштета од 1,4 милиони долари на Ивао Хакамада, кој помина 46 години во затвор чекајќи да биде погубен за злосторство што не го направил, што го прави осуденик на смрт со најдолг стаж во светот, објави The Guardian.
Пресудата на Окружниот суд во Шизуока, издадена вчера, признава дека Хакамада бил жртва на полициска манипулација со докази и принудни испрашувања, за време на кои бил принуден да го признае убиството на четири лица во 1966 година.
Висината на надоместокот одговара на сумата од 83 долари за секој ден поминат во притвор.
Одлуката за плаќање дојде откако судот официјално го ослободи Какамада на повторното судење во септември минатата година.
Неговиот правен тим оцени дека паричниот надомест не може да ги надомести годините на страдање и нарушено ментално здравје што ги претрпел Хакамада.
Локалните медиуми јавуваат дека ова е најголемата отштета некогаш платена во слични случаи во Јапонија.
Хакамада, поранешен боксер кој сега има 89 години, е петтиот осуденик на смрт во повоената историја на Јапонија кој победил на ново судење и бил ослободен.
Tagged as:
4 милиони долари добива отштета од 1 Јапонскиот осуденик на смрт ослободен по 46 години
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
