Background

Јапонската принцеза Мако стана мајка

Внуката на јапонскиот цар Нарухито, поранешната принцеза Мако (33) и нејзиниот сопруг Кеи Комуро станаа родители. Јапонското царско семејство е побогато за еден член.

Мако е поранешна принцеза бидејќи се откажала од титулата и привилегиите на царската куќа од љубовта кон својот сопруг, „обичниот смртник“ Кеи Комурo. Инаку, веста за новороденчето ја потврдија од палатата во Токио, и според нив, и мајката и бебето се добро, но не открија кога се родило новороденчето ниту полот на детето, пренесува АП. Ова е првото дете на поранешната принцеза и нејзиниот сопруг, адвокат чија љубов ја подели Јапонија.

Да потсетиме дека Мако и Кеи се запознаа во 2013 година кога двајцата студираа на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, каде што таа студираше уметност и културно наследство. Потоа продолжила да работи како специјален истражувач во Музејот во Токио. Таа, исто така, студирала историја на уметност во Шкотска и го одбранила магистерскиот труд на Универзитетот во Лестер во Англија во 2016 година.

- Advertisement -
Ad image

Свадба проткаена со контроверзии

Мако ја изгуби својата кралска титула кога таа и Кеи Комуро го регистрираа својот брак, вообичаена ситуација за жените од лозата, но таа е првата во повоената историја на Јапонија на која ѝ е одбиена отштета.

Ќерката на помладиот брат на царот Нарухито со години е предмет на критики и одложувања околу планираниот брак со Кеио Комура, кој е критикуван поради обвинувањата дека нејзината мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен вереник и одбила да му ги врати. Оваа кавга, која сè уште не е решена, предизвика скандал во Јапонија, каде што се очекува беспрекорно однесување од членовите на царското семејство. Свадбата потоа беше одложена, а Кеи Комуро се пресели во Соединетите Држави во 2018 година за да ги продолжи студиите по право.

Царската институција појасни дека свадбената церемонија, банкетот за прием и другите ритуали нема да се одржат и дека паушалниот износ што обично им се дава на жените од царското домаќинство кои се мажат за обични луѓе, кој изнесува 1,2 милиони евра, не е одобрен.

Фото: EPA-EFE/Nicolas Datiche / POOL

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖