„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на ОВК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! ОВК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство“ – објави на Фејсбук копретседателот на партијата ВЛЕН Изет Меџити, како реакција на пресудата на Хаг со која раководните луѓа на ОВК се осудени на вкупно 81 година затвор.
Тој повика на продолжување на „борбата за правда и вистинското толкување на историјата на косовската војна“.
„Борбата за вистинската историја и правдата заслужува и мора да продолжи до својата победа“, напиша Меџити.
Исто така лидерот на ДУИ Али Ахмети ја оцени пресудата на Хаг како „неправедна и длабоко разочарувачка“.
Тој повика на воздржаност и единство во овие, како што ги нарече, тешки моменти. Ахмети порача дека процесот не завршува овде и дека „со верба во правдата, битката ќе продолжи со жалбената постапка во случајот“.
„Не смееме да паднеме во стапица чија цел е создавање тензии или поделби, ниту, пак, да дозволиме да се наруши угледот на ослободителната борба на народот на Косово“, напиша Ахмети во објава на Фејсбук.
Тој потсети дека судот денес ги ослободи обвинетите од обвиненијата за злосторства против човештвото.
„Претходните обвинувања за трговија со органи – кои со години тежеа врз ОВК и нејзините лидери – не резултираа со обвиненија во оваа постапка – напиша Ахмети.
Tagged as:
Изет Меџити и Али Ахмети со иста реакција на пресудата на Хаг за лидерите на ОВК
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
