Македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра својот прв натпревар на Светското првенство кое се одржува во Норвешка, Данска и Хрватска. Од 20:30 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се соочат со фаворизираната репрезентација на Унгарија во арената во Вараждин.
Ова е прво големо натпреварување за Македонија со Филип Кузмановски како капитен.
– Одамна се подготвуваме за Унгарија, акцент ставивме уште на контролните натпревари. Си докажавме дека можеме да се носиме со големи ривали. Мотивацијата ни е на високо ниво. Зошто да не ја изненадиме Унгарија? Имаат звучни имиња и повеќе искуство, но и ние имаме свои адути. Во новата година игравме три натпревари против селекции што наликуваат на Унгарија – Холандија и Гвинеја – изјави Кузмановски на средбата со новинарите во Вараждин.
Македонските фанови пристигнуваат во Вараждин
Унгарските навивачи купиле околу 2.000 билети за групната фаза и вечерва се очекува да бидат доминантни на трибините. Сепак, македонските фанови денес веќе пристигнуваат во Вараждин, собирајќи се низ локалните кафулиња и во фан-зоната која беше креирана за поддршка на националниот тим.
Македонија влегува во дуелот како аутсајдер, но со оптимизам и верба во сопствените способности. Сите очи ќе бидат вперени кон тимот и капитенот Кузмановски, кој најави борбена и мотивирана игра против еден од најдобрите состави во групата.
Распоред на натпреварите на Македонија на СП 2026
15.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Унгарија 20:30 часот
17.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот
19.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Гвинеја 20:30 часот