Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекори, додека во овој период работат заедно со Владата и од 10 ќе бидат исполнети девет и половина од нив. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и се надева дека партиите ќе постигнат консензус.
– Ние се фокусирани на 10-те чекори коишто беа во грејс периодот и којшто истекуваа на 30 јуни. И овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата со цел да ги исполниме овие чекори. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна проценка и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и таа редовна вежба која што заврши на 30 јуни оваа година, и тука започнува тој грејс период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој случај треба да ги почекаме последните резултати и проценката на Европската комисија по летниот распуст – рече Рокас, кој денеска беше на промоција на нова воена опрема во касарната Илинден.
За тоа дали 10 реформски чекори ќе бидат исполнети, Рокас вели дека тоа ќе биде проценка и оти работат заедно со Владата „со цел да постигнеме девет, девет и половина“. – Во секој случај убеден сум дека ќе имаме добри резултати, но мора да разберете дека проценката всушност се прави од Европската комисија – рече евроамбасадорот.
За Изборниот законик, рече дека има дискусии со политичките партии кои што се одвиваат во моментов, но оти е потребно да се постигне консензус.
– Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка и оценка, но она што преостана во моментов се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие моделитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. И Комисијата во Парламентот за Изборниот законик веќе работи, и се надевам дека партиите на толку важна работа, ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус кога станува збор за ова сензитивно прашање. Меѓутоа, основите на законот и законот сам по себе, се навистина добри – рече евроамбасадорот Рокас.
Tagged as:
„Изборниот законик е добар се надевам дека ќе се постигне консензус“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
