Background

Ива Михаилова се плаши дека ќе ја убијат во Бугарија

Избеганата обвинета Ива Михаилова, македонска и бугарска државјанка, се плаши за својот живот во Бугарија и го молела бугарскиот јутјубер Станислав Цанов да го повлече видеото во кое таа зборуваше дека бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ врши притисок.

Новинарот Цанов вчера објави ново видео со пораки на месинџер и со делови од разговори со Ива Михаилова и со нејзината мајка Христина. Цанов вели дека неколку минути откако го објавил видеото во кое Михаилова зборува за притисок од ДАНС, таа побарала да го повлече. Михаилова му пишувала од истиот профил на Фејсбук на кој следното утро јавно порача дека во Бугарија добила помош и поддршка и дека никој не ја присилува на ништо.

„Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“, е една од пораките што ги пренесува Цанов, а му ги напишала Михаилова.

- Advertisement -
Ad image

Во друга порака му напишала дека се плаши што ќе се случи со неа и со родителите поради тоа што му го кажала. Цанов во видеото на Јутјуб вели дека пораките подоцна биле избришани, но тој претходно направил видеоснимка од преписката.

Цанов во истото видео објави и дел од телефонски разговор со жена за која рече дека е мајката на Ива. И таа бара во интервјуто да не се споменуваат бугарските служби.

„Тоа ми е единствениот услов, во спротивно ќе ме ликвидираат“, вели најката на Ива.

Цанов вели дека е подготвен да ги даде на проверка целосните снимки од разговорите со двете жени, кои, според него, траат повеќе од два часа.

На 14 ноември, во првото видео Цанов емитуваше делови од тајно снимен разговор во кој Михаилова му објаснува зошто мора да го откаже веќе договореното интервју со него. Му раскажува дека од ДАНС ѝ кажале оти прво мора да гостува кај новинарот Мартин Карбовски, кому можеле да му одредат кои прашања да ѝ ги постави. Ако претходно зборува кај друг новинар ќе останела без помошта за рехабилитација и за адвокати.

Михаилова потоа гостуваше кај Карбовски.

„Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудувал да правам што било. Тука добив помош, грижа и поддршка“, напиша Михаилова на Фејсбук на 15 ноември.

Истиот ден и ДАНС соопшти дека нејзините службеници по ниту еден повод не вршеле притисок врз Михаилова и дека потеклото на снимките е непотврдено, а веродостојноста на тврдењата недокажана.

Михаилова побегна во Бугарија околу 11 октомври, а според министерот за внатрени работи Панче Тошковски, не ја напуштила Македонија легално преку граничен премин. Како што кажа таа за бугарските медиуми по бегтвото, ви Бугарија отишла за да добие соодветно лекување и рехабилитација по повредите од сообраќајна несреќа.

Во Основниот суд во Кочани по бегството судењето против неа се одвива во отсуство. Таа е обвинета за сообраќајната несреќа на патот Штип-Кочани во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖