Background

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА НА 44.000 ЛУЃЕ ВО КАЛИФОРНИЈА

Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиска супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.

Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика. Претставници на противпожарната служба предупредија дека ситуацијата е критична и може да доведе до сериозно загадување на почвата, па дури и до силна експлозија.

 

- Advertisement -
Ad image

Началникот на полицијата во Гарден Гроув, градот каде што се случи хаваријата, Амир ел Фара, потврди дека евакуацијата опфаќа десетици илјади граѓани, но додаде дека дел од нив сè уште одбиваат да ги напуштат своите домови.

Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.

Спасувачките тимови на терен забрзано работат на поставување заштитни бариери за да спречат отровната течност да навлезе во канализациските канали или во океанот, кој се наоѓа на само неколку километри од местото на еколошката несреќа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation