Дванаесетгодишното девојче од Хрватска Тиа Карахмет исчезна синоќа во Штутгарт. Исчезнала додека си играла пред зградата во која живее, а нејзиното семејство моли за помош.
Оттогаш нема никакви траги или информации каде се наоѓа. Според изјавите на семејството, Тиа последен пат била видена околу 19 часот и 45 минути, а нејзиното исчезнување било пријавено во полиција околу 22 часот.
Девојката последен пат била видена пред нејзината станбена зграда каде си играла. Германската полиција веднаш започна опсежна потрага, ги испрашуваше соседите и ги прегледа телефонските повици и пораките од мобилниот телефон на Тија за да ги идентификува можните индиции.
Таа е висока 156 см и ситна градба. Во моментот на исчезнувањето таа носеше розов џемпер, бела маица, црни панталони и бели патики Најк.
Полицијата ги повика сите граѓани со какви било информации итно да се јават на броевите наведени од Феникс, заедно со фотографија од девојчето.