Background

Иранска актерка наводно ги запалила страстите во Елисејската палата

Пораките меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и иранската филмска ѕвезда Голшифтех Фарахани наводно довеле до инцидентот во кој Брижит Макрон го оттурнала или удрила својот сопруг во претседателскиот авион, тврди новата книга „Скоро совршен пар“ на новинарот Флоријан Тардиф, пренесува „Тајмс“.

Инцидентот се случил минатата година при слетување во Ханој и беше снимен од камера на Асошиејтед Прес. Тогаш Макрон тврдеше дека станувало збор за шега меѓу сопружниците. Но книгата нуди многу подраматична верзија.

Според авторот, Брижит Макрон наводно видела порака што Голшифтех Фарахани му ја испратила на францускиот претседател. Во интервју за РТЛ, Тардиф тврдел дека Макрон ѝ испраќал пораки на актерката како:

- Advertisement -
Ad image

– Те сметам за многу убава.

Авторот инсистира дека односот бил „платонски“, но дека пораките предизвикале расправија што кулминирала со инцидентот во авионот.

– Сè во книгата се факти, факти и само факти – изјавил Тардиф.

Официјални негирања

Откако видеото стана вирално, Елисејската палата првично се обиде да го минимизира случајот. Советници на Макрон дури сугерирале дека снимката е лажна, но францускиот претседател подоцна ја призна автентичноста.

– Јас и сопругата се каравме, повеќе се шегувавме – рече Макрон.

Брижит Макрон подоцна изјавила дека била преморена од летот и турбуленциите.

– Не сакав да излезам од авионот. Тој се обиде да ме насмее. Ми даде вода и го турнав – рекла таа.

Извор близок до првата дама за „Ле Паризиен“ изјавил дека Брижит „категорично негира“ дека проверувала пораки во телефонот на својот сопруг.

Која е Голшифтех Фарахани?

Голшифтех Фарахани е една од најпознатите ирански актерки и долгогодишен критичар на режимот во Техеран. Таа стекна светска слава со улогата во филмот „Тело на лаги“ на Ридли Скот, каде играше со Леонардо Дикаприо.

По појавувањето без хиџаб во филмот, иранските власти ја нападнаа, а подоцна ѝ беше забрането да се врати во земјата. Дополнителни контроверзии предизвика во 2012 година кога позираше гола за француски медиум, што беше сфатено како политички протест против иранскиот режим.

Минатата година и самата Фарахани ги негираше шпекулациите за романса со Макрон.

– Мислам дека на некои луѓе им недостасува љубов, па затоа создаваат вакви приказни – изјави актерката.

Подоцна за магазинот „Гала“ додаде:

– Мора да ги оставите гласините да си одат. Тие се како бранови што доаѓаат и си заминуваат.

Трамп се потсмеваше

Случајот доби и политичка димензија. Доналд Трамп во април го искористи инцидентот за потсмев кон францускиот лидер, коментирајќи дека Макрон „сè уште се опоравува од ударот“.

Францускиот претседател одби подетално да одговори.

– Тие коментари не заслужуваат одговор – изјави Макрон.

Во Франција, каде приватниот живот на политичарите често се третира поинаку отколку во англосаксонските медиуми, аналитичарите не очекуваат приказната значително да влијае врз неговиот рејтинг. Но, на социјалните мрежи, случајот повторно експлодира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation