САД извршија нови напади врз Иран откако три танкери беа нападнати во Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска (Сентком) објави дека се погодени повеќе од 80 мети, вклучувајќи над 60 бротчиња на Иранската револуционерна гарда во Теснецот.
„Покрај 60-ина бротчиња, нападнавме и места за лансирање ракети и командни центри. Нападите се одговор за таргетирање и напад на комерцијални бродови со екипаж од невини лица во меѓународен воден пат“, соопшти Сентком.
Пред нападите, американското министерство за трговија ја отповика одлуката со која привремено беа укинати нафтените санкции за Иран, што беше дел од меморандумот за разбирање.
Иранските медиуми соопштија дека се нападнати островот Кешм, Бандар Абас и Сирик, каде што има повредени. Иран не ја презеде директно одговорноста за нападите врз бродовите, за што беше обвинет од Катар и Саудиска Арабија.
Гардата соопшти дека лансирала одмазднички напади врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин. Иранското министерство за надворешни работи ги обвини САД за грубо кршење на меморандумот за разбирање потпишан минатиот месец и предупреди дека Техеран ќе преземе решителни мерки.
„Нападот на САД врз Иран претставува грубо прекршување на точките 1 и 2 од меморандумот за меѓусебно разбирање склучен во Исламабад“, го цитираше иранската агенција Фарс заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, кој додаде дека САД во последните три недели повеќепати ги прекршиле одредбите од договорот.
Врховната заедничка воена команда на Иран, Централниот штаб „Хатам ал Анбија“, денеска соопшти дека иранските вооружени сили ќе одговорат „разорно“ на американските напади, оценувајќи дека станува збор за „отворена агресија“.
Во соопштението се наведува уште дека Техеран нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со Ормуската Теснина.
Во Кувајт утринава се огласија сирени за воздушна опасност, откако земјата соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала проектили.
И Бахреин претходно објави дека бил изложен на ракетен напад, но засега нема официјална потврда дека некоја цел била погодена во двете земји.
Иранската Исламска револуционерна гарда денеска потврди дека извршила напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин.
Според Иранската државна телевизија, во нападите биле погодени 85 објекти во американските бази во двете заливски земји, како одговор на новите американски напади врз Иран.
„Како прв одговор на оваа агресија, поморските и воздушните сили на Исламската револуционерна гарда извршија заедничка операција со ракети и беспилотни летала, при што беа погодени 85 стратешки американски воени објекти“, се наведува во иранското соопштение.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
