Еден од најдобрите тенисери на светот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во најдолгото четвртфинале (5 часа и 14 минути) со 3-2 во сетови (7:6(10), 3:6, 6:3, 7:6(4) и 7:6 (10-4) го совлада канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасиме.
Ѓоковиќ во текот на мечот постојано имаше водство од еден сет, но противникот не дозволи седумкратниот шампион на Вимблдон да го заврши мечот порано, па решаваше петтиот сет и тајбрејк во него.
Со играњето на петти сет Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу одиграни мечеви во решавачки сет на Гренд слем турнирите.
Во полуфиналето в петок Новак Ѓоковиќ ќе игра против бранителот на пехарот Јаник Синер, кој претходно го совлада Јан Ленард Штруф од Германија со 3-0 во сетови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
