Background

Интимни видеа за кои се тврди дека прикажуваат познати личности од албанската музичка и забавна сцена предизвикаа голем скандал во Албанија и ја кренаа на нозе полицијата

Интимни видеа за кои се тврди дека прикажуваат познати личности од албанската музичка и забавна сцена предизвикаа голем скандал во Албанија и ја кренаа на нозе полицијата. Истражителите сега се обидуваат преку адресите да стигнат до страниците и профилите од кои снимките биле објавувани и ширени.

Полицијата во Тирана соопшти дека истрагата е отворена по откривањето на интимните материјали на повеќе портали и онлајн платформи, пишуваат албанските медиуми.

Секторот за истраги на киберкриминал ги идентификува адресите и другите податоци поврзани со страниците и профилите што ги објавиле или дистрибуирале видеата. Паралелно се преземаат постапки за нивно отстранување од интернет.

- Advertisement -
Ad image

Случајот веќе стигнал и до Обвинителството. Полицијата ги доставила материјалите за четири можни кривични дела, незаконско пресретнување компјутерски податоци, мешање во компјутерски податоци, неправедно мешање во приватниот живот и злоупотреба на опрема.

Во центарот на медиумските објави се најде познатиот албански композитор и продуцент Адриан Хила. Неколку албански медиуми објавија дека неговото име се поврзува со дел од снимките, но полицијата не соопшти кои лица се прикажани на материјалите што ги истражува.

Материјалите првично почнале да кружат на социјалните мрежи, а потоа се прошириле и преку комуникациски апликации.

Албанскиот новинар Елтон Тозај тврди дека дел од снимките биле направени во музичко студио и дека на нив се појавуваат Хила и други лица од албанскиот шоубизнис.

Нема независна потврда кој ги снимил видеата, дали луѓето на нив знаеле дека се снимаат, ниту како материјалите стигнале на интернет.

Полицијата засега не ги именува лицата од снимките. Истрагата е насочена кон објавувањето и дистрибуцијата на интимните материјали и кон утврдување на дигиталната трага зад страниците и профилите што ги ширеле.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖