Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е подготвен да дистрибуира средства од резервите – во вкупен износ од над пет милијарди евра – до националните фудбалски сојузи.
Во писмото до кое пристап имаше Би-Би-Си (BBC), а кое во понеделникот беше испратено до претседателите на шесте континентални конфедерации, Инфантино изјави дека ќе го поддржи „највисокото можно ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се обезбеди“, објави денеска Би-Би-Си.
Неговото писмо уследи по барањата од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ), ФИФА да исплати по 10 милиони долари од своите резерви на секој од своите 211 национални сојузи-членки.
Советот на ФИФА треба да расправа за овој предлог на состанокот закажан за 15 октомври.
„Не сакам однапред да го одредувам износот“, напиша Инфантино.
Инфантино, исто така, повторно го бранеше неуспешниот предлог за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство – план што предизвика повици за негова оставка. Тој повтори дека целта на планот била да се обезбедат дополнителни средства за фудбалот. И покрај критиките за неговиот контроверзен план за пласирање на профитот од Светското првенство преку комерцијална подружница, како и загубата на поддршка од многу национални сојузи, ФИФА наведува дека Инфантино планира повторно да се кандидира на изборите следната година за последен мандат, кој би траел до 2031 година.
Инфантино во меѓувреме се откажа од предлогот за формирање компанија вредна 20 милијарди долари наречена „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), која би управувала со Светското првенство со помош на приватни инвеститори – меѓу кои, наводно, било и семејството Кушнер. Тој план го изненади фудбалскиот свет кога се појави во јавноста во јули.
Крајниот рок за поднесување кандидатури за претстојните претседателски избори е 18 ноември, точно четири месеци пред гласањето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
