Background

„ИЛОВИЦА-ШТУКА“ МОЖЕ МНОГУ ЛЕСНО ДА БИДЕ ИЗДРЖАН РУДАРСКИ ПРОЕКТ

Сега е моментот да се приклучиме кон она што го прави Европа во однос на политиките и активностите за критичните минерали, порача универзитетскиот професор и декан на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот во Штип проф. д-р Ѓорѓи Димов. Според него, сега е критично време, треба да се фати патот и да постапуваме по активностите пропишани во домашната Стратегија за минерални суровини. Тој истакна дека живееме во време кога се води борба за ресурси и нашата иднина зависи од тоа како ги менаџираме.

„Ние не можеме без минералните суровини. Тие се природно предиспонирани таму каде што геологијата одредила да бидат. За среќа, во нашата држава се уште постојат значајни депозити на минерални суровини коишто сме ги експлоатирале во минатото, во моментот ги експлоатираме и посебно во оваа временска, просторна и светска политичка констелација, лично мислам дека треба да ги експлоатираме и во иднина“, потенцира Димов во гостување на Канал 5 ТВ.

Професорот повика да се искористи она што ни го дава природата, на одржлив и издржан начин без притоа да се прави поголем притисок на природата и ресурсите околу рударските постројки.

- Advertisement -
Ad image

Прашан за проектот „Иловица-Штука“, Димов одговори дека тој може да биде издржан рударски проект.

– Ако во 2015 година, кога се завршени деталните геолошки истражувања, е констатирано дека постои сериозно наоѓалиште со сериозни резерви, односно технолошко-економски рудник за експлоатација, кога бакарот тогаш е околу 5-6.000 долари, сега цената на бакарот е 14,700… Мислевме дека до 2030 година ќе дојде до 15 илјади долари, но сепак до крајот на оваа година ќе дојде до 15 илјади. Никој не знае каде ќе му биде крајот. Значи, ако било исплатливо во 2015 година тоа да се експлоатира и да се започнат рударските проекти, да се завршат истражувањата и да се започне подготовка за идна експлоатација, јас мислам дека сега е глупаво и дегутантно да зборуваме дали е тоа исплатливо или неисплатливо – рече Димов.

Тој наоѓалиштето во Иловица го спореди со двете наоѓалишта во Грција, односно на Халкидики, за кои кажа дека се на само двесте километри од нас, од кои едното е на десет километри од плажите, а другото на 1,5 километри од морето. Професорот нагласи дека тамошните рударски проекти се странски инвестиции, преку големи странски корпорации коишто работат со свои грчки филијали. Тоа се странски инвестиции, како што додаде, кои инвестираат во еден сериозен систем, не само на експлоатација и екстракција, туку и на сериозен систем на мониторинг за заштита на животната средина.

– Тоа е едно големо наоѓалиште, коешто голем дел од него е истражено и е многу слично со оние наоѓалишта во Грција и по генетски тип припаѓаат на ист тип на порфириски наоѓалишта на бакар и злато коишто веројатно ќе се експлоатираат на ист начин на којшто се експлоатираат грчките наоѓалишта, иако нашите геолози имаат пресметано поголеми резерви во Македонија. „Иловица-Штука“ е и тоа како интересна за експлоатација и повеќе од јасно е дека многу лесно може да биде издржан рударски проект – заклучи Димов.

Тој се осврна и на состојбата во светот и трката по критични минерали, велејќи дека Европа решила дека треба да се врати на својата минерална база и своите минерални суровини и затоа со Директивата за критични минерали од 2023 година веќе се ограничува времетраењето за издавање на дозволи и лиценци за отворање на рудници. Поради тоа, додава Димов, Европа сега врши обука на кадри за експлоатација на критични минерални суровини, а кај нас иако е интерес намален кадри постојат.

– Намален ни е интересот за учење во рударските и геолошки училишта или високообразовни институции коишто се бават со рударството, геологијата и заштитата на животната средина, меѓутоа се уште постојат активни студиски програми и се уште продуцираме рударски инженери, геолози и инженери за заштита на животна средина – истакна универзитетскиот професор.

Според професор Димов рударството мора да биде одржливо и мора да биде максимално во согласност со животната средина. Димов вели дека тоа е возможно и кај нас и неколку години наназад проекти од Факултетот, со имплементирана најнова технолошка опрема, се спроведуваат во рудниците во Источна Македонија и во нив се имплементирани најголем дел од еколошките мерки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation