Газдата на Икс, Тесла и на СпејсИкс, Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, со неколку „Да“ и покажувајќи ги рацете излезе на сцената во арената Капитол 1 во Вашингтон на настанот по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Некои го протолкуваа тоа како „победнички танц“ на милијардерот.
– Ќе ја однесеме (криптовалутата) ДОГЕ на Марс! Можете ли да замислите колку ќе биде прекрасно кога американските астронаути ќе го засадат знамето на друга планета за прв пат! Колку би било тоа инспиративно?! – рече Маск.
Милијардерот повеќепати повтори дека е многу возбуден за тоа што ќе донесе иднината и дека тоа ќе биде навистина златна доба на Америка како што Трамп најави во својот говор во Капитол.
Маск, кој ќе биде Министер за ефикасност во администрацијата на Трамп, го заврши говорот велејќи им на луѓето дека „ќе го испотам задникот за вас“.
Претходно, на инаугурацијата на Трамп во Капитол, Маск не можеше да се воздржи во моментот кога Трамп го спомна Марс и гестикулираше со рацете. Снимката се прошири на социјалните мрежи:
Неколку невладини организации во САД планираат да поднесат тужби против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводите дека Одделот за владина ефикасност, со кој ќе раководи Маск, ги крши федералните закони.
Tagged as:
Илон Маск имаше екстатичен говор по инаугурацијата на Трамп
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
