Background

Хрватска започна со целосна примена на новите европски регулативи, што носи сериозни измени за превозниците и патниците кои влегуваат во оваа земја од трети држави, вклучително и Македонија

Република Хрватска започна со целосна примена на новите европски регулативи, што носи сериозни измени за превозниците и патниците кои влегуваат во оваа земја од трети држави, вклучително и Македонија.

Главната промена се однесува на задолжителното поднесување на скратени декларации за влез (USD) за стоки што влегуваат на територијата на ЕУ преку патен или железнички сообраќај.

Обврската за поднесување на овие декларации првенствено паѓа на превозникот, но тоа може да го стори и примачот на стоката или овластен претставник. Сите вклучени страни мора да поседуваат активен EORI број регистриран во ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

За патниот транспорт рокот за поднесување е најмалку 1 час пред пристигнување на граничниот премин. За железничкиот транспорт рокот е најмалку 1 час (ако патувањето од последната станица трае помалку од 2 часа) или 2 часа во сите останати случаи.

Патниците се ослободени од оваа обврска за нивниот личен багаж, но стапуваат на сила строги вредносни ограничувања за ослободување од царина и ДДВ.

Лимитот изнесува 430 евра за патници во воздушен и поморски сообраќај, 300 евра за патници во патен и железнички сообраќај и 150 евра за патници помлади од 15 години. Предмети како градежен материјал, мебел или резервни делови подлежат на редовна царинска постапка.

Дополнително, во патниот сообраќај по полнолетно лице (над 17 години) дозволено е внесување на најмногу 40 цигари, 1 литар силен алкохолен пијалак (над 22%) или 2 литри пијалаци до 22% алкохол, како и 4 литри вино и 16 литри пиво.

Особено ригорозни се правилата за храна од животинско потекло за патниците кои доаѓаат од трети земји (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово).

Целосно е забрането внесување на месо, млеко и какви било месни или млечни производи.

Дозволено е внесување до 2 килограми мед, јајца, храна за бебиња и специјална храна за миленичиња, додека без ограничувања може да се носат леб, колачи, чоколадо и тестенини, под услов да се за лична употреба. Доколку се пронајдат непријавени производи кои ги надминуваат дозволените количини, истите ќе бидат конфискувани и уништени, а сопственикот се соочува со високи парични казни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation